Личниот тренер на Адел откри 3 тајни со помош на кои таа ослабела 50 килограми

785

Пејачката Адел на почетокот на месецот шокираше милиони свои следбениици на социјалните мрежи со само една фотографија! Таа за нејзиниот роденден се пофали со својот нов изглед, а очигледно беше дека успеала да ослабне дури 50 килограми.

Во процес на слабеење е повеќе од една година, а нејзиниот личен тренер откри 3 тајни со помош на кои Адел ослабела неверојатни 50 килограми.






Исхрана
Сите тренери велат дека здравата исхрана е најважна во процесот на слабеење, па така и Пит Герасимо, личниот тренер на Адел. Тој вели дека кога работи со клиентите, секогаш се одлучува за вистинска, здрава храна, а не за напитоци и додатоците во исхраната. За Адел вели дека таа ја пробала диетата Sirtfood која поттикнува губиток на килограмите со растителна исхрана како што се кељот и хељдата. Овие намирници, познати како активисти на Sirtuins, го потиснуваат апетитот и го активираат „генот за слабеење“. Оваа диета ви овозможува да јадете темна чоколада и да пиете црвено вино.

Вежбање
Герасимо вели дека најважно е да се забрза работата на срцето и да се излезе од зоната на комфорот. Исто така, вели дека треба да вежбате така што вежбата да биде радост, а не мачење.

– Бесмислено е да принудувате некого – вели Герасимо.

Адел, вели тој, вежбала со него три пати неделно, а комбинирале вежби со сила, бокс и кардио тренинзи.

Квалитетен сон
Тајниот трик на тренерот на Адел е добриот сон. Тао е затоа што спиењето влијае на два„ хормона на гладот“ – грелин и лептин. Грелин се ослободува откако мозокот ќе сигнализира дека желудникот е празен, додека лептин се ослободува од масните клетки за да го потисне гладот – и мозокот вели дека желудникот е полн. Но, кога телото не добива доволно сон, почнува да произведува повеќе грелин и помалку лептин – оставајќи ве гладни и ви се зголемува апетитот.

На крајот, Герасимо вели дека е најважно да не брзате со процесот, туку да ја следите работата и можностите на вашето тело.

 

 

Поврзани содржини