ЛИЦЕТО МИ Е УНАКАЗЕНО ПО КОЗМЕТИЧКИ ТРЕТМАН Славниот топмодел е во депресија бидејќи не личи на себе (ФОТО)
Во последно време, еден од оригиналните супермодели, Линда Еванџелиста, се повлече од јавноста. Никој не ја знаеше причината, но славната манекенка сега се огласи и на својот инстаграм-профил и проговори за медиумската илегала во која се повлекла, а сѐ поради лицето кое ѝ е „унаказено“.
Имено, по една процедура, Линда останала со издеформирано лице и сега отворено проговори за проблемите и го привлече вниманието на жените да не ја направат нејзината грешка.
Модната икона тврди дека била „трајно деформирана“ поради реткиот несакан ефект од козметичката процедура. Еванџелиста тврди дека поминала низ CoolSculpting поцедува за да ги намали масните клетки, но наместо тоа оваа постапка ги зголемила нејзините маснотии. Ова е опасност од постапката и контраиндикација за која не била предупредена, поради што сега бара правна тужба.
– Денес направив голем чекор кон исправувањето на грешката што ја претрпев и ја криев повеќе од пет години. Еве ги одговорите на сите мои следбеници кои ме прашаа зошто не работам во време додека кариерата на моите врсници напредуваше. Причината е што бев брутално унаказена од постапката CoolSculpting којашто го направи спротивното од она што ми беше ветено.
Моите масни клетки се зголемија и ме направија трајно деформирана дури и по две болни, неуспешни корективни операции. Станав, како што и пишуваа медиумите, непрепознатлива.
Поради овој зафат, развив парадоксална хиперплазија на масното ткиво или ПАХ, се појави тој ризик за кој не бев свесна или за кој не бев информирана пред целата процедура.
ПАХ не само што ми ја уништи кариерата, туку и мојот живот. Ме испрати во циклус на длабока депресија, длабока тага и најниски длабочини на презир кон себе. Се осамив. Со оваа тужба одам напред и се надевам дека ќе се ослободам од срамот, затоа и излегувам јавно со оваа приказна. Многу сум изморена од ваквиот живот. Сакам да излегувам од својот дом со крената глава, иако повеќе не личам на себе – напишала таа.
CoolSculpting е постапка за замрзнување на маснотиите и нехируршки третман за намалување на маснотиите со помош на контролирано ладење познато како криолиполиза за отстранување на маснотиите од кои е тешко да се ослободите и кои не исчезнуваат дури и кога се грижи за храна и вежбање. Технологијата CoolSculpture обезбедува прецизно контролирано ладење за да ги таргетира масните клетки под кожата, оставајќи ја кожата неоштетена.
ФОТО: Инстраграм