Лиценците за ноќен бар, кабаре, дискоклуб ќе важат уште шест месеци
Владата донесе Уредба со која заради вонредната состојба им ги продолжи лиценците на угостителите.
Владата денеска им ја продолжи важноста на лиценците на угостителите за шест месеци.
Како што соопшти владината прес- служба, тоа се регулира со Уредба со законска сила за примена на Законот за угостителската дејност за време на вонредна состојба.
„Со неа се регулира времето на продолжување на важноста на лиценцата за вршење на угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор за период од шест месеци“, соопшти прес-службата на владата..