Либан лансираше ракети, Израел одговори на нападот
Израелската војска соопштила дека одговорила на нападот со артилериски оган, пренесува Ројтерс. Други агенции јавуваат дека нема повредени, ниту е причинета материјална штета.
Две ракети лансирани од Либан рано утринава го алармираа северен Израел, каде се слушнале сирени за тревога, по што следеше одговор од страна на израелските воени сили.
Израелската војска соопштила дека одговорила на нападот со артилериски оган, пренесува Ројтерс. Други агенции јавуваат дека нема повредени, ниту е причинета материјална штета.
Една од ракетите била соборена со противвоздушна одбрана, а втората паднала во ненаселено место.
Како што е наведено, противвоздушната одбрана пресретнала една од ракетите, а другата паднала на отворен простор. Засега нема извештаи за повредени лица или причинета материјална штета.
Ракетниот напад од Либан е прв таков прекуграничен инцидент од мај кога палестински екстремисти истрелаа ракети кон Израел за време на 11-дневната војна меѓу израелската војска и движењето Хамас.
Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави дека Либан е одговорен за ракетниот напад во текот на ноќта, најавувајќи дека „Израел ќе дејствува против каква било закана кон неговиот суверенитет и своите граѓани“.
– Нема да дозволиме социјалната, политичката и економската криза во Либан да се претвори во безбедносна закана за Израел, рече Ганц.