Лежат на надгробни плочи и се објавуваат на „Тик-Ток“, полицијата ги најде сторителите (ВИДЕО)
Во првото видео едното лице лежи на гробна плоча и бара 1500 лајкови за да си направи иста плоча, а на второто се обидува да стави крст во снегот.
На социјалната мрежа „Тик-Ток“ продолжуваат да се појавуваа контроверзни видеа, претежно од млади лица кои ќе направат скоро се за поголем број на лајкови.
Овој пат, две лица сквернават гробови и се снимаат, а непозната е локацијата за кои гробишта станува збор.
@o_spasovski , Министерство, било кој? Ќе реагирате ли на ова? pic.twitter.com/xf6UJUkVsn
— Bojan (@mordorea) February 18, 2021
Во првото видео едното лице лежи на гробна плоча и бара 1500 лајкови за да си направи иста плоча, а на второто се обидува да стави крст во снегот.
@o_spasovski , Министерство, било кој? Ќе реагирате ли на ова? pic.twitter.com/xf6UJUkVsn
— Bojan (@mordorea) February 18, 2021
Oд министерството за внатрешни работи соопштија дека полициски службеници од ОВР Ресен денеска (18.02.2021) во периодот од 16 до 18.30 часот идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници од Ресен (двајца на 16-годишна возраст и еден- 14 години) во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „Тик-Ток“ на кое се сквернават гробови во овој град.
– Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител ќе бидат поденесени соодветни поднесоци – стои во соопштението од МВР.