Лезетот на демократијата е да научиш да мочкаш во нокшир и да не цмиздриш!
Што може да се очекува од средбата Руте – Заев? Ветер во Заевите валкани пелени, а што друго!
Седум месеци холандскиот премиер Марк Руте се мачи да формира нова влада. Без да си ги извалка пелените.
А Зоки сака бербат да ги стори и пак да биде премиер.
Од изборите на 17 март годинава, холандскиот премиер Марк Руте рекордни 226 дена се мачеше да формира нова влада. Процесот е при крај, но се уште не е завршен.
Пред изборите Руте поднесе оставка поради голем скандал во кој беа инволвирани даночните власти. Тоа е таа политичка некултура од која пати гнилиот Запад. Кај нас рекетарски, корупциски и секакви други скандали имаме буквално секој ден, па никој не помислува на оставка.
Но, без оглед на оставката, Руте и неговата конзервативна партија на изборите беа победничка партија, со освоени нешто помалку од 22% од гласовите, во парламентот во кој влегоа дури 17 политички партии.
Така е тоа во здодевната Холандија. Во која главни политички теми се климатските промени, повлекувањето од Авганистан, евтаназијата итн.
Утре Марк Руте доаѓа во Скопје. Да го поддржи Заев, претпоставувам. Да му дувне ветер во пелени.
Веројатно од Зоки и совет ќе побара. Како да се стави ручето на срце и да се излаже. И пак. И пак…
Има од кого и Руте нешто да научи. Фалениот македонски премиер на овие избори изведе лупинг досега невиден во поновата европска политичка историја. Локалните избори тој ги прогласи за референдум, се закани дека ќе поднесе оставка ако изгуби, доживеа катастрофален пораз, потоа поднесе оставка и на премиерската и на партиската функција и сега се бори како да остане премиер. Како ништо да не се случило.
Заевата борба за опстанок во фотелјата е под секакво политичко и човечко достоинство. Неговите поддржувачи само му ги сменија пелените, му го избришаа носето и го искараа: „Во иднина, на време да кажеш кога ти се мочка, за да те седнеме на нокшир, голем си веќе да валкаш пелени“. Но, мислите дека тоа некого особено го погодува? Мислите дека Заев има чувство за осет? И срам?
Ама ајде, ви се молам…
Нејсе. Што може да се очекува од средбата Заев – Руте?
Ништо особено. Очекувам Руте да го утеши нашиот хибриден премиер: „Повеќе од седум месеци се мачам да формирам влада, драг мој Зоки, а ти се жалиш. Остани си на европскиот пат. Биди наш партнер. Бркај работа. Потпиши. Тури мур. Тури…“
Така е тоа во модерна Европа. Тоа е политиката. Валкана работа.
А лезетот на демократијата е да научиш да мочкаш во нокшир. Да штедиш пелени. И да не цмиздриш.
Зоки, плачко низаеден…