ЛЕВИЦА ВЛЕГУВА ВО ТРКАТА ЗА СКОПЈЕ Апасиев најави советнички листи во над 50 општини

Апасиев најави целосна партиска стратегија. Во над 50 општини ќе се трча со советнички листи, а за градоначалници веќе се пријавиле 20 кандидати.

1,872

Партијата Левица на претстојните локални избори ќе настапи со сопствен кандидат за градоначалник на Скопје, потврди претседателот на партијата, Димитар Апасиев, во интервју за ТВ24. Со ова, Левица ја напушта стратегијата од минатите избори, кога даде поддршка на независниот кандидат Петар Георгиевски – Камиказа, познатиот музичар.

„Овој пат ќе имаме свој партиски кандидат за Скопје. Сметаме дека сме доволно политички профилирани и дека нашата кандидатура ќе биде препознаена како вистинска алтернатива на досегашните елити“, изјави Апасиев.






Партијата веќе објави јавен оглас за кандидати за градоначалници, на кој пристигнале 20 пријави. „Од утре започнуваме со разгледување на апликациите“, рече Апасиев, додавајќи дека процесот ќе биде транспарентен, а критериумите јасно поставени.

Левица ќе се обиде да го засили своето влијание и во локалните совети – ќе има советнички листи во над 50 општини ширум земјата.

Апасиев најави и дека кампањата ќе биде особено тешка, оценувајќи дека „ударите“ ќе доаѓаат првенствено од ВМРО-ДПМНЕ. „Очекуваме валкана кампања. Ќе се истурат многу пари, особено од најголемата опозициска партија. Но ние сме подготвени и нема да отстапиме“, дециден е лидерот на Левица.

Поврзани содржини