ЛЕВИЦА СО ИНИЦИЈАТИВА ДО СОБРАНИЕТО Бара да се донесе Декларација за солидарност со палестинскиот народ
Повод за иницијативата вели првиот човек на Левица Димитар Апасиев е тоа што 3.000 палестински деца загинаа за 17 денови.
Левица ќе иницира Собранието да донесе декларација за солидарност со палестинскиот народ. Ова во пост на Фејсбук го обнани лидерот на партијата Димитар Апасиев.
„ 3.000 деца загинаа во ГАЗА за само 17 дена! Со букви: ТРИ ИЛЈАДИ ДЕЧИЊА!!! Затоа пратениците на Левица, во македонскиот парламент, ќе поднесат Декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелските воени злосторства поддржани од САД“, напиша Апасиев.