ЛЕВИЦА ПОТВРДИ ДЕКА РАКОВОДСТВОТО ЈА МОЛЗЕ Податоците ни се од свиркачи, одговори ВМРО-ДПМНЕ

Самите признаа дека партијата Левица ја гледаат како молзница за богатење и дека прикриените богаташи во јавност глумат испосници, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

2,547

Левица со обвинувањето дека наводно некој направил неовластен упад во банкарски сметки штотуку призна дека податоците што се изнесуваат во јавноста се релевантни и веродостојни, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Значи самите признаа дека партијата Левица ја гледаат како молзница за богатење и дека прикриените богаташи во јавност глумат испосници. Кога веќе прашуваат, ќе им одговориме дека податоците кои ги добивме се од свиркачи и тоа од редовите на самата партија Левица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 






МОЈСОСКА САМО ЗА ДВА МЕСЕЦА ГОДИНАВА ЗЕЛА 162.000 ДЕНАРИ ОД ПАРТИСКАТА КАСА ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тоа го практикува целото раководство на Левица

Поврзани содржини