ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ЗА ЧИЗМИТЕ НА ШКОДРАНЕ Упатена е отворена закана, безбедносниот систем е понижен

Кривичното дело е сторено против државата и нејзините државјани, со цел да се повредат националните чувства на Македонците, а инспирирано од длабока национална омраза и меѓуетничка нетрпеливост, информираше Левица.

267

Политичката партија Левица поднесе кривична пријава против актуелната владина членка на Одборот на директори на АД „Телеком“ и поранешна директорка на заедничките служби на Клиничкиот центар во Скопје, Шкодране Дардишта.

Како што соопшти паријата, кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, а за кое е предвидена казна затвор од една до пет години.






„Пријавената се терети дека по пат на информациски систем, на социјалната мрежа Фејсбук, објавила заканувачки статус во кој се повикува на Војната од 2001 година, во која животот го загубија стотици македонски граѓани. Кривичното дело е сторено против државата и нејзините државјани, со цел да се повредат националните чувства на Македонците, а инспирирано од длабока национална омраза и меѓуетничка нетрпеливост. Побудите од кои се водела обвинетата при вршење на ова кривично дело се понижување на безбедносниот систем, т.е. упатување отворена закана по јавната безбедност на државата, преку повикот за напад врз државните институци и преку сеење страв и загрозување на сигурноста на сите граѓани кои живеат во Републиката и кои истата ја чувстуваат и сакаат како своја татковина. Очекуваме надлежното ОЈО – Скопје, сериозно и експедитивно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавената, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за овој кривичноправен настан, да покрене обвинение“, информираше Левица преку соопштение.

Поврзани содржини