ЛЕВИЦА ОЧЕКУВА ДВОЦИФРЕН БРОЈ НА ПРАТЕНИЦИ Ветото од Бугарија е современо продолжување на велико-бугарските амбиции

Очекуваме бројката неколкукратно да се зголеми, со тенденција резултатот на освоените мандати да е двоцифрен - порачаа од Левица.

679

Членовите на президиумот на Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил Кактан, заедно одговараа на прашањата во интервјуто за италијанскиот портал www.sinistraineuropa.it, во кое беа искажани ставовите и плановите на партиското раководство.

Левица е партија која од изборен во изборен циклус постојано го дуплира бројот на освоени гласови, па веќе не може да биде сметана како мала или небитна политчка опција во Македонија.






По локалните избори во 2017, Левица имаше само три советници во цела Македонија, додека сега се вкупно 50. И покрај тоа што никој од партиските кандидати не успеа да влезе во вториот круг за избор на градоначалници, гласовите на членовите и подржувачите на Левица беа решавачки за победата на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, којашто освои 43 градоначалници (вклучувајќи го и оној на главниот град Скопје), наспроти 16-те на владеачката партија СДСМ.

На следните парламентарни избори, раководството на Левица цели на двоцифрен број на пратеници.

– Изборниот модел во Македонија, имено 6-те изборни единици, како и различната природа на парламентарните наспроти Локалните избори, која не дозволува доследно пресликување на резултатите, заедно со нашето нецелосно учествување на локалните избори (помалку од половина од вкупниот број општини во Македонија имаа советнички листи на Левица) – не дозволува прецизно предвидување на бројот на пратеници. Сепак, очекуваме бројката неколкукратно да се зголеми, со тенденција резултатот на освоените мандати да е двоцифрен – порачаа од Левица.

Што се однесува до Преспанскиот договор од Левица порачаа дека нивниот став е непроменет, односно дека тие не го признаваат. На самите интеграции во ЕУ тие не се противат, сè додека патот кон ЕУ не значи бескомпромисно прифаќање на економските неолиберални мерки на приватизација, како и понижувачки преговори за националните прашања – два момента кои сметаме дека ја уриваат сувереноста и добросостојбата на една држава и на нејзиниот конститутивен народ. Околу алтернативите, бидејќи не го делиме декларативниот оптимизам на естаблишментот за скоро влегување во ЕУ, сметаме дека „во меѓувреме“ (период кој би траел и неколку децении) Македонија треба да гради партнерство со сите земји од светот, а не слепо да влезе во ретроградниот менталитет на Нова „студена војна“. Пред сè треба да ги зајакнеме врските со членките на Советот за безбедност на ООН – НР Кина и Русија, како и земјите од Источна Европа и Движењето на неврзаните.

За ветото на Република Бугарија кон Македонија, велат дека тоа е само современо продолжување на велико-бугарските амбиции кои се гаат повеќе од еден век и кои, во минатото, биле причинители на војни и страдања – со цел да се удоволат шовинистичките идеи на бугарската буржоазија.

Поврзани содржини