ЛЕВИЦА ОБВИНУВА ЗА НЕРЕГУЛАРНОСТИ Изборниот процес бил нарушен со притисоци и понуди за купување гласови
Според Богевски, неколку кандидати за советници од редовите на Левица добиле телефонски повици од лица кои нуделе таканаречени „списоци на гласачи“ што би гласале за Левица доколку партијата исплати 2.000 евра, односно по 100 евра за секое лице.
Политичката партија Левица денеска излезе со сериозни обвинувања за нерегуларности на локалните избори, наведувајќи дека дел од нивните набљудувачи не биле пуштани на избирачките места, а на членовите на нивните семејства им бил вршен притисок.
Портпаролот на партијата, Круме Богевски, изјави дека ваквите случаи претставуваат „грубо кршење на демократските стандарди и на изборниот молк“.
Според Богевски, неколку кандидати за советници од редовите на Левица добиле телефонски повици од лица кои нуделе таканаречени „списоци на гласачи“ што би гласале за Левица доколку партијата исплати 2.000 евра, односно по 100 евра за секое лице.
На првата прес-конференција, Левица обвини и дека во изборната единица 3, во неколку општини, нивни активисти и кандидати добиле анонимни повици со понуди од ист вид – гласови од ромската заедница за одредена сума пари.
„Претпоставуваме дека разговорите биле снимени со цел подоцна да се компромитираат нашите кандидати,“ наведоа од партијата, додавајќи дека случајот е пријавен до надлежните институции.