Левица: Нема да учествуваме во шверцување на мандати на нови пратеници

Од партијата тврдат дека во собранието се врши „дива“ верификација која се врши без вториот потребен документ, а врз основа на т.н. „извештај“ од непостоечката Верификациона комисија

2,288

Партијата Левица соопшти дека  нејзините пратеници нема да учествуваат на собраниската седница за верификација на мандати на нови пратеници бидејќи смета дека е спротивно на членот 17 од Деловникот на Собранието.

– Според овој член, за да има верификација на нови мандати мора кумулативно да постојат два акта: 1. Извештај од ДИК; и 2. Предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања (која не постои, односно сѐ уште не е основана).Оваа „дива“ верификација која се случува во теков на денешниов ден се врши без вториот потребен документ, а врз основа на т.н. „извештај“ од непостоечката Верификациона комисија на чело со Јагода Шахпаска, која има истечен мандат, односно престана да постои по истекот на Конститутивната седница. Бидејќи и покрај процедуралното укажување од страна на нашиот пратеник Димитар Апасиев – дека е правно невозможно без Комисија и без предлог да се продолжи со верификацијата – парламентарното мнозинство продолжи со овој илегален начин на работа, пратениците на Левица нема да учествуваат на фингираните седници на кои ќе бидат ставени на дневен ред овие мандати – појаснуваат од Левица.

Поврзани содржини