ЛЕВИЦА – НАЈТРАНСПАРЕНТНА ПАРТИЈА СПОРЕД ИРИ Поставуваме нови принципи во политиката, велат од партијата

287

Левица повторно е на прво место според најновото истражување во областа на политичките партии на ИРИ, соопшти партијата.

„Левица продолжува со трасирање нов пристап во политиката преку својата посветеност кон транспарентноста во своето дејствување, за што потврдува и најновото истражување во областа на политичките партии на ИРИ. Истражувањето укажува на постојаност на Левица на водечкото место во однос на индексот на транспарентност, како минатата година, така и оваа.






Издвојувањето како најтранспарентна партија воопшто не е случајно. Како по ова мерило, така и по парламентарната активност, се обелоденуваат новите принципи на работа кои се фокусирани на јасноста, одговорноста и отвореноста со граѓаните – во отсуство на капацитет за одговор на овие предизвици во досегашната политичка пракса кај партиите“, соопшти Левица.

Оттаму порачуваат дека во широк контекст и долгорочно, целат кон промена на севкупната политичка култура која, како што велат, ќе биде ослободена од спрегите на корупцијата и криминалот и тенденцијата за таинственост и заговорничка природа.

Поврзани содржини