ЛЕВИЦА НАЈАВИ ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА АНТОНИО МИЛОШОСКИ Го поддржал сепаратизмот на Тајпеј кон Кина

Неприфатливо е членување на македонски пратеници во интерпарламентарна алијанса, која е алатка за провокација на Народна Република Кина и за поддршка и промоција на сепаратизмот и сецесионизмот во Тајпеј, смета Левица.

549

Политичката партија Левица најави дека ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието.

Како што истакна на прес-конференцијата пратеникот Реџеп Исмаил од Левица, интерпелацијата е поради учеството на Милошоски на работна сесија на четвртиот Самит на ИПАК, најголема неформална група на пратеници која е формирана како одговор на кинеското ширење на интереси во светот.






– Учеството на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски, на овој т.н. Самит за Кина, кој се одржува во Тајпеј, град во Тајванската провинција на Народна Република Кина, е дипломатски несмасно и неумесно, а во крајна линија со потенцијал дополнително да ја загорзи меѓународната позицијата на Македонија. Самото членување на пратеници од нашето Собранието во оваа неформална т.н. Интерпарламентарна алијанса за Кина, е неприфатливо и надвор од рамките на политиката на Кина, која впрочем е и официјална политика на Република Македонија, произлезена токму од важечките одлуки на ова Собранiе – истакна Исмаил.

Според Левица, активностите на оваа алијанса не се насочени кон унапредување на билатералните односи за економска или некаква друга слична соработка, а најмалку се од интерес на Македонија. Исмаил истакна дека оваа Алијанса е само алатка за провокација на Народна Република Кина, со тоа што нејзините активности се во поддршка и промоција на сепаратизмот и сецесионизмот во Тајпеј.

– За крај, би сакал да ги потсетам сите избрани пратеници на Собранието на Република Македонија, а посебно оние од мнозинството предводено од ДПМНЕ, дека во едно и не така далечно минато, Влада предводена токму од ДПМНЕ, поради слична авантура со Тајван, со слични непотребни и беспредметни непријателски и малициозни политички одлуки против Народна Република Кина – земја која секогаш давала принципиелна поддршка на Македонија – направи безбедносна штета што влијаеше во 2001 година да биде загрозен и доведен во прашање самиот опстанок на државата – рече Исмаил.

Поврзани содржини