Левица: Груби глуми биро за вработување, води министерство со 1460 вработени, а сега ќе ги згрижува и „рамковните“

Партијата во својата денешна реакција посочува дека земјава одамна важи за држава во која партиското влијание е навлезено во сите пори на општеството, а за тоа потврда е вработувањето на 1.300 луѓе по рамковен кои со години не работат а земаат плата.

736

Крајно време е да запре вработувањето по Рамковен, како селекција по етнички клуч, а наместо ова, треба да се воведе социјална позитивна дискриминација, преку која ќе се дава првенство на лицата од социјално загрозени семејства, децата без родители, децата на стечајците и категории слични на нив, при што воопшто нема да биде од значење нивната етничка припадност, партиска определба, раса, вера, возраст, туку нивниот социјален статус во општеството, смета Левица.

Партијата во својата денешна реакција посочува дека земјава одамна важи за држава во која партиското влијание е навлезено во сите пори на општеството, а за тоа потврда е вработувањето на 1.300 луѓе по рамковен кои со години не работат а земаат плата.






– За иронијата да биде уште поголема, наместо санкции и барање одговорност за ваквото неоправдано државно трошење, министерот Артан Груби, врши притисок кон поединечните институции и установи, па дури им наметнува обврска, по толку години земање плата, без да се појават на работно место, установите каде овие лица ќе бидат распределени да им обезбедат соодветна обука и стручна спрема согласно работните задачи – велат од Левица.

Според оваа партија, најочигледна манифестација на партизираноста на нашето општество се токму јавната и државна администрација.

– Работните позиции во установите и институциите од овој сектор, кој енормно го оптоварува буџетот на РМ, се преплавени со партски лица кои се примени само поради својата партиска или етничка припадност (согласно Рамковниот договор), но без никаква стручност и компетентност. Токму поради ваквите причини, нашата државна и јавна администрација, пред сѐ се карактеризира со исклучителна неефикасност и нетранспаретност, а потоа, не помалку важно е и тоа што токму преку овој сектор владејачката гарнитура си ја купува политичката поддршка. Токму ваквата тенденција низ годините покажа како Рамковниот договор се користи само за вработување на корумпираните кадри на ДУИ и зајакнување на политичката моќ на оваа партија, која две децении е дел од секој владејачки режим – велат од Левица.

 

Поврзани содржини