Во пресрет на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, официјална на Левица, предводена од Димитар Апасиев, го посети Кукуш, (Егејска Македонија) – родното место на овој апостол на македонското револуционерно движење, соопштија од партијата.
Делегацијата соддаде почит, положи свежо цвеќе и одржа „пригодна беседа, во знак на незаборав и непокор на македонската кауза“, во стариот дел на градот, каде што се претпоставува дека некогаш се наоѓала родната куќа на Делчев.
„Нема родендени со премолчени места на раѓање! Нема родендени со наведнати глави! Нема родендени со страв од името на Славеникот! Додека националните изроди коленичат пред амбасадите во Скопје, ние – здружени во Левица – го следиме Твојот пат! Одлучно тргнавме по патеката на правдата, националното достоинство и надежта на обесправените – пат кој единствено води до светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Тргнавме лево, почитувајќи ја народната волја, и стигнавме до колевката на Македонското револуционерно движење. Среќен ти роденден, Учителе!“, порачаа од Левица.