ЛЕВИЦА ГО ОБВИНИ ЕВН ЗА БЕСПРАВНО ГРАДЕЊЕ Наместо надземен, ставен е подземен далновод во Делчево?

Иако во проектот станува збор за надземен далновод, на терен е вршено поставување на подземен далновод, спротивно на основниот проект и тоа на тротоари, односно државно земјиште, се вели во соопштението на Левица. Партијата поднесе кривична пријава против подружницата на ЕВН во Делчево.

307

Партијата Левица поднесе кривична пријава против ЕВН Македонија – Кец Делчево поради сомнеж за бесправно градење. Левица го обвинува ЕВН дека градел подземен наместо надземен далновод спротивно на основниот проект.

Тие напишаа:






„Во периодот од Јуни до Октомври 2022 година правното лице ЕВН Македонија-Кец Делчево без одобрение за градење, умислено и пакоснички извршува казнено дејствие по член 244 од кривичниот законик на Република Македонија.

Иако во проектот станува збор за надземен далновод, на терен е вршено поставување на подземен далновод, спротивно на основниот проект и тоа на тротоари, односно државно земјиште.

Со ваквите градежни дејствија и без одобрение за градење ЕВН Македонија-Кец Делчево изведувало градба на туѓо земјиште.

Интересот за планско развивање на просторот кој е во функција на задоволување на потребите, правата и интересите на граѓаните со ова дело е прекршено, со што Политичката партија Левица уште еднаш застанува во одбрана на сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението на партијата.

Поврзани содржини