ЛЕВИЦА ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ДА СЕ ВРАТАТ ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ Следната недела ќе поднесе предлог закон
Откако во средата пратениците не го поддржаа предлог-законот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците, партијата најави дека ќе предложи измени во Законот за работни односи и враќање на патните трошоци кои работодавачите ќе бидат обврзани да им ги исплатат на работниците.
Во статус на социјалните мрежи, претседателот на Левица Димитар Апасиев потсети дека ова работничко право било укинато на предлог на поранешниот министер за финансии Трајко Славевски, којшто е денес претседател на Советот на град Скопје.
Левица смета дека ако можат да се обезбедат патни трошоци за функционерите и за пратениците, тогаш можат да се обезбедат и патни трошоци за работниците.