ЛЕВИЦА ЌЕ ИМАШЕ ПЕТ ПРАТЕНИЦИ Што би се случило ако навистина имавме една изборна единица?
И со праг и без изборен праг во моделот на една изборна единица партијата Левица би имала пет наместо сегашните два пратеника, додека повеќето од останатите партии би изгубиле по еден пратеник, предвидува симулација на ТВ Сител.
Единствената партија која ќе има значително зголемен број на пратеници и тоа дупло, кога во Македонија би бил воведен моделот на една изборна единица е Левица, која би имала цели пет пратеника, предвидуваат симулации направени од ТВ Сител, кои беа објавени во ТВ-Дневникот. Во симулацијата споредени се сегашниот систем со шест изборни единици според Донтовиот модел, со новиот предложен систем на една единица во две варијанти: без изборен праг и со праг од 2 отсто.
Симулацијата на Сител покажува дека доколку во едната изборна единица се воведат целосно отворени листи, сите останати партии освен Левица би изгубиле само по еден пратеник во новиот модел, а партијата Интегра би добила пратеник.
Доколку сепак се воведе праг од 2 отсто, повеќето партии не би изгубиле пратеник, но Левица повторно котира со пет, односно дупло повеќе од сегашните два пратеника.