ЛЕВИЦА ЌЕ ГО БОЈКТОТИРА ГОВОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Апасиев и Крмов нема да слушаат како шефот на државата ги премолчува неправдите во Македонија
Нашите народни пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на шефот на државата, кој ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери, порачаа од Левица.
Од партијата Левица ја известија јавноста дека нивните пратеници во Собранието на Република Македонија, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, нема да учествуваат на 56-та пленарна седница, на која е планирано традиционалното годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски.
– Нашите народни пратеници одбиваат да партиципираат во формалистичкиот театар на шефот на државата, кој ги одмолчи сите национал-шовинистички испади на нашите балкански соседи и божемни европски партнери – за кои, сè почесто, во нивните јавни обраќања, стануваме „Северномакедонски пријатели“. Сметаме дека човек кој е безгласна буква во внатрешната и во надворешната политика и не реагира на повампирениот бугарски неоврховизам, којшто го негира постоењето на македонската нација и на македонскиот јазик, нема ништо паметно да каже и затоа не го заслужува вниманието на нашите пратеници и на пошироката јавност – меѓу другото порачаа од Левица.