ЛЕВИЦА ДА ЈА ПОДДРЖИ ОПОЗИЦИЈАТА ВО ПРВ КРУГ, ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГИ ПОДДРЖИ ВО ВТОРИОТ Мицкоски со нов предлог до Апасиев

Зачуден сум, кажа Мицкоски, како не ја гледаат крајната цел, а тоа е да се направи поширок опозициски блок.

1,212

Мојата цел беше да подадам рака на оние кои се идентификуваат како опозиција, да направиме заеднички политички блок. На тој начин полесно ќе направиме делегитимирање на власта, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“  на телевизија Алфа говорејќи за понудата до раководството на Левица да ги поддржи кандидатите на опозицијата, доколку оваа партија навистина сака да ја делегитимира власта.

Зачуден сум, кажа Мицкоски, како не ја гледаат крајната цел, а тоа е да се направи поширок опозициски блок.






Мицкоски ги повика членовите, симпатизерите на Левица онаму каде немаат кандидати да ги поддржат тие на опозицијата.

– Жалам што раководството на Левица не ја препозна шансата за обединување против Заев, ги повикувам нејзините гласачи да ги поддржат кандидатите на опозицијата таму каде Левица не одат со свои кандидати, а јас ќе повикам во вториот круг таму каде нема да имаме свои, да се поддржат кандидатите на Левица – вели Мицкоски.

 

Поврзани содржини