Левица бара Пендаровски да го суспензира Законот за ГА-МА

Пратениците на Левица тврдат дека претседателот Стево Пендаровски има три причини да не го потпишува указот.

503

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, поднесоа барање до претседателот  Стево Пендаровски, како еден од носителите на извршната власт, да го употреби своето уставно право на суспензивно вето и да не го потпишува Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба, кој беше донесен на ден 28.12.2020 година – по скратена постапка.

Според пратениците Пендаровски има три причини да не го потпишува указот.






(1) Законот е спротивен на Амандманот XXV од Уставот на РМ, кој вели дека судската власт ја вршат судовите и дека се забранети вонредни судови – при што, во случајов, парламентот е ставен во позиција на „преки суд“ кој, по брза постапка, решава судски спор кој трае над 15 години – со закон, надвор од своите уставни надлежности, што е без преседан во досегашната државно-правна историна на Македонија, од АСНОМ до денес;

(2) Законот е привилегирачки и е спротивен на чл. 55 од Уставот на РМ, бидејќи воведува партикуларен режим на решавање стопански спорови меѓу една приватна компанија и државата, спротивно на уставно загарантираната „еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот“;

(3) Станува збор за исклучително штетен и сомнителен закон, кој е спротивен на јавниот интерес, бидејќи за стар и амортизиран гасовод, кон има номинална вредност од околу 18 милиони ЕУР, државата ќе треба да исплати скоро 33 милиони ЕУР – и тоа во време на економска и здравствена криза од сериозни размери“, се наведува во Барањето на пратениците.

 

Поврзани содржини