Левица бара итна седница за пратенички прашања

Партијата упатила писмено барање до претседателот на Собранието Талат Џафери.

1,241

Партијата Левица соопшти дека денеска до претседателот на собранието Талат Џафери упатила писмено барање за одржување седница на Собранието за пратенички прашања.

„Ваквата специјална седница, според Деловникот, е предвидено да се одржува секој последен четврток во месецот. Бидејќи утре е последниот четврток во тековниот месец август, а воедно е и последна шанса за поставување пратенички прашања на министрите од техничката преодна Влада на РМ во заминување – нашите пратеници побараа итно свикување пленарна собраниска седница, како би се овозможил уставниот принцип на парламентарна контрола на законодавната врз извршната власт“, се наведува во соопштението.






Од партијата додаваат дека планираат да го отворат контроверзното прашање за пропаста на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај и на тргувањето со инсајдерски информации од страна на актуелни функционери на штета на граѓаните и јавниот интересќ

Побарано е и задолжително присуство на министерката за финансии Нина Ангеловска и на гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска што е во согласност со  членот 38 од Деловникот за работа на Собранието..

Поврзани содржини