Левица ја повикува власта во Охрид да ги види дивоградбите во Љубаништа ФОТО

Доста е глума и предизборно лицемерие од страна на локалната власт на СДСМ, додека Охридското езеро неповратно се уништува, порачува Левица.

1,322

Градоначалникот Константин Георгиески со рушење на платформите направи еден предизборен театар, а неговата дволичност и дволичноста на неговата администрација можат да се видат само на терен. Неговото лицемерие дека ги почитува препораките на УНЕСКО за заштита на охридското крајбрежје и рушење на сите дивоградби може да се види подалеку од градското подрачје, во автокампот Љубаништа, реагира Левица откако  Центарот за светско наследство препорача охридскиот регион да се стави во светски наследства во опасност, бидејќи од страна на локалната не се прави доволно за да се запазат препораките на УНЕСКО.

– Во овој автокамп извршено е тампонирање на пристапни патишта со езерска песок, како и доградба на шанк (цврста градба) на неколку метри од брегот. Поставени се неколку објекти на бетонирани површини. Исто така, забележано е проширување на постоечката парцела во строго заштитениот појас на Национален парк Галичица, каде се поставени и стотина камп-приколки, за кои газдите узурпатори наплаќаат годишна кирија од 1.000 евра – велат од Левица и ги повикуваат надлежните детално да го испитаат работењето на автокампот Љубаништа.






Ако се утврдат овие забелешки, велат од партијата узурпаторите веднаш да бидат соодветно санкционирани.

– Доста е глума и предизборно лицемерие од страна на локалната власт на СДСМ, додека Охридското езеро неповратно се уништува – порачува Левица.

Поврзани содржини