Летувањето станува опасно: Австрија кажа од кои земји најмногу граѓани се вратиле со ковид-19

Според австриските пресметки најголем број на одморџии заразени со ковид-19 се вратиле од Хрватска и Шпанија.

819

Австриските власти регистрираат се повеќе случаи на инфекција со коронавирусот кај повратниците од одмори во странство, а најмногу ги има кај оние  кои летувале во Хрватска и Шпанија

Во календарските недели 27 и 28, инфекцијата е регистрирана кај 322 повратници од одмор од Шпанија, како и кај 186 кај повратници од Хрватска. Следуваат новоинфицирани кои биле на одмор во Холандија (61), Малта (52), Грција (43), Германија (21), Франција (18).






Кога станува збор за земјите од Западен Балкан, инфекцијата со корона е регистрирана во Австрија кај само тројца повратници од Србија и Босна и Херцеговина.

Поврзани содржини