ЛЕТОВО ЌЕ ВИДИМЕ КОЛКУ Е OТЧИТАНО, А КОЛКУ НЕ Е ВО СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА Новиот закон предвидува автоматска корекција на сметките на 3 месеци

Новитет од јунската или од јулската сметка треба да биде информација отчитано или не е отчитано. Паушалните сметки не можеме да ги избегнеме, изјави шефот на Електродистрибуција на брифинг со новинарите во врска со новитетите од Законот за енергетика.

785

 

Колку е платено и отчитано, а колку од сметката за струја е неотчитанo и е паушал ќе може да се види на сметките од ЕВН веќе ова лето, најави директорот на Електродистрибуција Сашо Салтировски на брифинг со новинарите.

Зборувајќи за новитети на кои веќе работат ИТ тимови, а поврзани со новиот Закон за енергетика, Салтировски ја објасни ситуацијата со паушалите и новите таканеречени паметни броила.

– Новиот закон предвидува автоматска корекција на 3 месеци. Новитет од јунската или од јулската сметка треба да биде информација отчитано или неотчитано. Паушалните сметки не можеме да ги избегнеме. Инженерите на состанок предложија сметката да биде нула за неотчитано. Но, кој би сакал наеднаш да му дојде сметка за 4 месеци? Имаме само 0,4% корекции, односно 5.000 од вкупно 900.000 броила во државата – изјави Салтировски одговарајќи на новинарски прашања.

Проблемот со паушалните сметки би требало да се реши целосно со новите паметни броила предвидени во новодонесениот амбициозен закон за енергетика. Според Салтировски, ЕСМ веќе има набавено 200.000 од овие GSM броила за далечинско отчитување. Во тек е тендер, но реално првите инсталирани броила може да ги видиме од 1 јануари.

Броилата, кои граѓаните ќе треба постепено да ги набавуваат во следните 7 до 10 години сами отчитуваат потрошувачка на струја.

– ЕСМ ќе ги чита броилата како и досега. Но, во некои места броилата не можат да се отчитаат. Тие што се дома или во странство ќе можат сами да го прочитаат. ЕСМ отчитува 80-85% броила месечно, другите главно се недостапни – заклучен влез, нема никој дома… Во Австрија броила се читаат еднаш годишно, во Србија еднаш на 3 месеци – додаде директорот на Електродистрибуција.

 

Поврзани содржини