ЛЕТОВО ЌЕ ИМА РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ Планирана е мини прераспределба на парите по јавниот повик за општините

Министерката деновиве учествува на десеттиот Делфи економски форум во Грција, каде што една од главните економски теми се царините од САД и вчерашната нова одлука на американскиот претседател Доналд Трамп.

107

Ребаланс на буџетот ќе има и очекувано е тоа дека ќе се случи, но очекувам да биде во летниот период, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во разговор со дописничката на МИА од Атина..

– Сега ќе имаме мини прераспределба, откако ќе заврши јавниот повик за општините, а прераспределбата што ја планираме е бидејќи не можевме однапред да ги предвидиме парите во кое Министерство да се доделат – вели Димитриеска-Кочоска.






Министерката деновиве учествува на десеттиот Делфи економски форум во Грција, каде што една од главните економски теми се царините од САД и вчерашната нова одлука на американскиот претседател Доналд Трамп.

 

Поврзани содржини