ЛЕТОТО СИ ЗАМИНУВА Вечерва во 20:19 часот доаѓа есента
Есента ќе трае до 21 декември во 10 часот и две минути, кога календарски започнува зимата.
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 20:19 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 17 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6.18 часот, а ќе зајде во 18.35 часот.
До крајот на годинава остануваат уште 100 дена.
Есента ќе трае до 21 декември во 10 часот и две минути, кога календарски започнува зимата.