Летото дојде преку ноќ, денеска температурата до 30 степени

268

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 степени, а дневната од 22 до 30 степени.






Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со утринска температура до 10 степени, а дневна до 30 степени.

Следува период на значително топло време, особено во втората половина од седмицата.

Поврзани содржини