ЛЕТОНИЈА ПОДИГНА ОГРАДА ОД БОДЛИКАВА ЖИЦА НА ГРАНИЦАТА СО РУСИЈА Долга е 280 километри

До крајот на 2026 година, Летонија планира да има дополнителна гранична инфраструктура, како и систем за надзор, на своите граници со Русија и Белорусија.

55

До крајот на 2026 година, Летонија планира да има дополнителна гранична инфраструктура, како и систем за надзор, на своите граници со Русија и Белорусија.

Летонија заврши со изградба на ограда долга 280 километри по должината на источната граница со Русија, објави ДПА, повикувајќи се на денешното соопштение од Управата за државен имот на балтичката држава.






Видео од изградбата покажува патеки за граничната полиција по должината на оградата, зајакната со жичена мрежа.

Министерот за внатрешни работи Рихардс Козловскис ја нарече оградата „значаен придонес за безбедноста на летонското население и нашата држава“, заедно со изградбата на слична ограда минатата година по должината на границата со Белорусија.

До крајот на 2026 година, Летонија планира да има дополнителна гранична инфраструктура, како и систем за надзор, на своите граници со Русија и Белорусија.

„Нашата главна цел е да изградиме најсовремена гранична заштита на источната граница на ЕУ“, рече Козловскис.

Поврзани содржини