Лето во јануари! Грците облекоа костими за капење и ги преполнија плажите (ВИДЕО)
Во Атина, каде што термометрите достигнаа 22 степени, луѓето ги посетија плажите, како и плоштадите и парковите.
Во текот на вчерашниот ден Грците го искористија топлиот бран со температура од дури 28 Целзиусови да ги посетат плажите и парковите. Врелиот ветер од Африка донесе многу прашина заедно со невообичаената топлина. Температурите во Грција се очекува да бидат високи до среда.
Според Атинската национална опсерваторија, температурата во Ханија, на јужниот остров Крит, околу пладне достигнала 28,3 степени, што е една од највисоките јануарски температури во последните педесет години.
Вообичаената температура во овој период од годината во Грција е околу 15 степени.
Во Атина, каде што термометрите достигнаа 22 степени, луѓето ги посетија плажите, како и плоштадите и парковите.
– Времето е прекрасно, а ние претежно сме заглавени дома – рече жител за телевизијата Скај од плажата Кавури, близу Атина, објаснувајќи зошто е таму со многутемина што шетаа, а некои и пливаа.
Врелиот ветер од Африка заедно со невообичаената топлина донесе и многу прашина.
Температурите во Грција се очекува да бидат високи до среда.
Полицијата патролираше залудно обидувајќи се да се избегне преголема концентрација на населението. Полициските службеници со мегафони ги потсетуваа луѓето да одржуваат „социјална дистанца“ и ги казнуваа оние што не носеа маски.
Грција е во карантин од почетокот на ноември, а властите се обидуваат да го избегнат третиот бран на пандемијата по прославата на Божиќ и Нова година. Во петокот, ограничувањата, кои требаше да завршат на 11 јануари, беа продолжени за уште една недела. Денеска се отвораат само јаслите, градинките и основните училишта.
Властите вчера објавија уште 36 смртни случаи. Повеќе од 4.000 од 5.263 смртни случаи за време на епидемијата во Грција се случија во последните два месеци.