Летно-зимско: Иванка Трамп во две целосно неспоиви модни комбинации ги восхити вљубениците во модата ФОТО
Иванка Трамп го замени студеното време во Вашингтон со сонцето и топлата клима во Мајами.
Ќерката на Доналд Трамп била фотографирана при волонтирање и доделување кутии со храна на семејствата, и тоа во екот на шпекулациите дека со својот сопруг Џаред Кушнер и децата се преселува во Флорида откако нејзиниот татко ќе ја напушти Белата куќа.
Иванка била облечена во летен, долг, бел фустан со точки од познатиот шпански бренд кој што може да се најде по цена од 79 долари. Фустанот го искомбинирала со летни сандали со ниска пета и златни обетки.
Иако ова летно издание во декември привлекло огромно внимание, таа пред само два дена пленела со зимскиот шик стил и елеганција.
Била забележана во тегет капут со златни копчиња од брендот „Altuzzara“, а под него носела ролка во бела боја и тесни фармерки. Со чизмите до колена, црната чанта и црната маска, Иванка изгледала модерно и шик.