Летните одмори во Европа неизвесни по појавата на сојот од Непал
Научниците од „Joint Biosecurity Centre“ се загрижени за растечката стапка на инфекцијата и појавата на мутации во познатите летувалишта.
Официјални лица од Велика Британија стравуваат дека непалската варијанта е отпорна на вакцини против коронавирусот, а владините научници веќе ги предупредуваат министрите за опасноста од новиот вид.
„Daily Mail“ објави дека постојат стравувања дека уште некои земји ќе бидат отстранети од зелената листа на патувања, вклучително и Португалија, каде што наводно е откриен видот од Непал.
Научниците од „Joint Biosecurity Centre“ се загрижени за растечката стапка на инфекцијата и појавата на мутации во познатите летувалишта.
Извештајот дојде откако имунологот професор Џон Бел предупреди дека Велика Британија може да биде погодена од нови варијанти на коронавирусот ако не се стори повеќе за да им се помогне на сиромашните нации да го вакцинираат своето население.
Тој рече дека заштитата од идните варијанти не е „гарантирана засекогаш“, иако вакцините се моментално ефикасни против варијантата „Делта“, која за прв пат беше идентификувана во Индија.
Болниците во Непал се пред колапс по трагичниот скок во случаи на позитивни на ковид-19. Бројот на нови инфекции во март беше под 100, сепак, во средината на март, беа регистрирани повеќе од 9.000 нови случаи дневно.
Вториот бран во Непал беше поттикнат од зголемувањето на инфекциите во соседна Индија, но експертите сега се загрижени за новиот вид што е идентификуван.
Според извештаите на медиумите, одморите во Европа може да бидат загрозени ова лето, поради загриженост за новиот вид од Непал и бавната вакцинација на континентот.
Некои извори велат дека бројот на нови земји отворени за патници од Велика Британија, но и од други земји, ќе биде „крајно ограничен“ во ова лето.