„ЛЕТЕЧКИОТ“ ШВЕЃАНЕЦ ПОСТАВИ НОВ РЕКОРД Дуплантис по 13 пат ја менува висината во скок со стап

Двократниот олимписки шампион Дуплантис до овој скок стигна во вториот обид на оваа височина.

156

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис по 13 пат постави светски рекорд откако попладнево во Будимпешта прескокна 6,29 метри.

Тој го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап на митнингот во главниот град на Унгарија, откако прескокна еден сантиметар повеќе од досегашниот рекорд.






Двократниот олимписки шампион Дуплантис до овој скок стигна во вториот обид на оваа височина.

Претходниот светски рекорд шведскиот атлетичар го постави на 15 јуни годинава во Стокхолм.

Поврзани содржини