„ЛЕТЕЧКИ“ МАКЕДОНЕЦ ВОЗЕЛ 252 КМ НА ЧАС Фатен бил со Ауди А8 на патот Ниш-Белград
Против Македонецот ќе биде поднесена пријава за насилничко возење.
Ограничувањето од 130км/час не го спречило Македонец да „лета“ со брзина од 252,8 км/час на автопатот Ниш-Белград околу 12:30 часот денеска, јавува МИА. Македонецот, кој возел Ауди А8, бил сопрен од српската сообраќајна полиција и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава за насилничко возење, потврдиле од српското МВР.