🎥 „ЛЕТАШЕ ОРЛИ“ ПРЕД СРПСКИТЕ НАВИВАЧИ, ПА ЗАТОА СЕГА ЌЕ СИ ЛЕТА ДОМА Косовскиот новинар избркан од Европското првенство

Оваа драстична казна за новинарот пристигна поради неговата провокација кон навивачите на Србија за време на дуелот против Англија.

1,078

Косовскиот новинар Арлинд Садику нема да може повеќе да известува од Европското првенство во Германија откако организаторот реши да му ја поништи акредитацијата.

Тоа значи дека Садику нема да може да влезе како новинар на денешниот меч меѓу Албанија и Хрватска, но и на ниту еден друг натпревар до крајот на шампионатот.






Оваа драстична казна за новинарот пристигна поради неговата провокација кон навивачите на Србија за време на дуелот против Англија.

Од Фудбалскиот сојуз на Србија веднаш потоа стигна и реакција до УЕФА поради однесувањето на косовскиот новинар Садику, кој ја понижил новинарската професија, но и УЕФА.

Поврзани содржини