Летале тупаници во Куманово и во Кочани, две групи се пресметале во Прилеп

391

НАПАДНАТ ВО АЕРОДРОМ – На 14.10.2020 во 20.20 часот во СВР Скопје, В.П.(39) од Скопје пријавил дека околу 17.45 часот, пред трговски центар на подрачје на Аеродром, бил физички нападнат од Б.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ДВАЈЦА СЕ СТЕПАЛЕ – На 14.10.2020 околу 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.К.А.(53) од Скопје и Н.Т.(71) од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.






ГО ОГРАБИЛЕ НА УЛИЦА – На 14.10.2020 во 14.20 часот во СВР Скопје, Ќ.С.(85) од с.Батинци, скопско, пријавил дека околу 12.30 часот на подрачјето на Аеродром три лица со употреба на сила му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ГРАБЕЖ ВО МАРКЕТ – На 14.10.2020 околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на ул.„Индира Ганди“ во Скопје едно лице со закана од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

КУЧЕТО КАСА – На 14.10.2020 во 16.20 часот во СВР Скопје, М.Ц.(34) од с.Марино, скопско, пријавил дека на кеј на реката Вардар бил каснат од куче скитник.

ТЕПАЧКА ВО КУМАНОВО – СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.Ф.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 10.07.2020 на ул.„15 Мај“ во Куманово, пријавениот го нападнал Д.В.(43) со метален предмет и му нанел повреда.

НАСИЛСТВО ВО КОЧАНИ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Е.Д. (34) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 13.08.2020 во Кочани, пријавениот со остар предмет упатил закани на С.Д., по што го оштетил возилото на А.Р. од Штип.

ДВЕ ГРУПИ СЕ СТЕПАЛЕ – На 14.10.2020 во 20.38 часот во СВР Битола било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај Т.Б.(42) од Прилеп. По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Во врска со настанот во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. При интервенцијата, полициски службеник пукал двапати во воздух за да ги спречи лицата во понатамошната пресметка.

КУЧЕ КАСНАЛО ДЕТЕ – На 14.10.2020 во 20.15 часот во СВР Скопје, С.Р.(45) од Скопје пријавила дека во парк на бул.„АСНОМ“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 15.10.2020)

Поврзани содржини