ЛЕТАЛЕ БОКСОВИ И ШИШИЊА Британци се тепале во Центар, еден заработил исеченица
Според пријавата, напаѓачите биле исто така од Велика Британија, при што на еден од нив со стаклен предмет му e нанесена повреда на раката.
Во Полициската станица Центар вчера напладне В.С. (37) од Велика Британија пријавил дека во раните утрински часови, околу 3:30, пред угостителски објект на скопската улица Св. Кирил и Методиј, тој и неговите четворица пријатели биле физички нападнати од четири лица.
Според пријавата, напаѓачите биле исто така од Велика Британија, при што на еден од нив со стаклен предмет му e нанесена повреда на раката.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.