ЛЕТАЛ ДОРТМУНД-ОХРИД, ЗАВРТЕЛ НАД ХРВАТСКА Авион принудно слетал во Венеција поради патник на кој му се слошило

Засега од Виз Ер немаат објаснување за случајот, а на Твитер Флајтрадар извести за безбедното слетување.

1,496

Авионот W67778 на Виз Ер кој утринава требало да слета во Охрид од Дортмунд, ненадејно го сменил правецот над Хрватска сигнализирајќи за вонредна ситуација. Тој побарал да слета во Венеција каде безбедно се приземјил. Неговата сменета рута може да се види и на познатиот сајт Флајтрадар.

 






Засега од Виз Ер немаат објаснување за случајот, а на Твитер Флајтрадар извести за безбедното слетување. 

Германски 24RHEIN пишува дека се работи за патник на кој му се слошило и кој по слетувањето во Венеција е сместен во болница. Виз Ер потоа во 13 часот и 15 минути успеал да ги продолжи летот кон Охрид каде подоцна слетал.

– Можеме да потврдиме дека на еден патник му се слошило за време на летот. Авионот мораше итно да слета на аеродромот во Венеција за да му овозможи на патникот веднаш да добие медицинска помош – вели портпаролот на аеродромот Марко Поло во Венеција.

Поврзани содржини