📽️ ЛЕТАА МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ НА ИЗБОРИТЕ ВО РУСИЈА Ако Путин победи, тоа ќе биде историски за него

Руските државни агенции за истражување на јавното мислење веќе прогнозираа дека 71-годишниот Путин, кој е на власт речиси четвртина век и бара петти мандат, ќе добие повеќе од 80 отсто од гласовите. Тоа би бил најголемиот резултат во историјата за него.

1,410

Дел од граѓаните во Москва, Воронеж и во јужна Русија и регионот Карачај-Черкесија на северен Кавказ направиле инциденти и утринава фрлале молотови коктели на избирачките места, тврди руската државна новинска агенција Тасс. Снимки од инцдентите осамнаа на социјаните мрежи.

Изборните власти во Санкт Петербург соопштија дека една жена фрлила бензинска бомба во близина на избирачко место, но пожарот бил изгаснат. На едно видео објавено на социјалните мрежи се гледа друга жена како истура светло зелена течност во гласачка кутија во Москва.






Би-Би-Си пишува дека тридневните претседателски избори сигурно ќе му донесат на Владмир Путин уште еден шестгодишен мандат. Руските државни агенции прогнозираа дека 71-годишниот Путин кој е на власт речиси четвртина век ќе добие петти мандат со повеќе од 80 отсто од гласовите. Тоа би бил најголемиот резултат во историјата за него.

 

Изборите во земјата што опфаќа 11 временски зони ќе траат до недела навечер, кога последните избирачки места во Калининград на Балтичкото Море се затвораат во 20 часот по локално време.

Путин има тројца формални ривали, што на изборите им дава привид на кредибилитет. Но, тие не само што немаат шанси, туку имаат и политички ставови кои се про-Кремљ и обично го поддржуваат Путин. На кандидатите кои се изјаснија против војната на Путин во Украина им беше забрането да се кандидираат.

 

 

Блискиот соработник на неодамна починатиот опозициски лидер Алексеј Навални, Леонид Волков ги повика Русите да излезат на протести против претседателот Владимир Путин за време на одржувањето на претседателските избори. На овие протести Навални повика пред неговата смрт.

🎥 НАВАЛНИ И МРТОВ МУ ГИ РАСИПУВА СМЕТКИТЕ НА ПУТИН Русите повикани на изборен протест, узбуна во Кремљ

 

Поврзани содржини