📽️ ЛЕТАА ИСКРИ ПОМЕЃУ ЖИРИ-КОМИСИЈАТА ВО „ПАТОТ ДО ЅВЕЗДИТЕ“ На моменти стануваше тензично помеѓу Роберт Саздов, Стојне Николова и Антониа Гиговска!

Стојне и Роберт се постојана жири-комисија, а секоја емисија има по уште еден гостин - изненадување за кандидатите. Овојпат тоа е младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска, која одлично се снајде во новата улога.

271

Вечерва на програмата на Тв „Алфа и музичката телевизија „Балкан Мјузик со почеток во 20:30 часот ќе се емитува најновото издание на музичкото талент-шоу „Пат до Ѕвездите.

На големата сцена ќе се претстават неколкумина кандидати кои ќе мора да ги задоволат критериумите на стручната жири-комисија составена од познатиот музичар и актуелен уметнички директор на „Макфест, Роберт Саздов и познатата фолк-пејачка Стојне Николова.






Стојне и Роберт се постојана жири-комисија, а секоја емисија има по уште еден гостин – изненадување за кандидатите. Овојпат тоа е младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска, која одлично се снајде во новата улога.

На моменти беше неизвесно, стресно, честопати се случуваше жири-комисијата да имаше различно мислење за кандидатите, па од време на време знаеше и да летне по некоја „искра помеѓу нив“.

Сепак, на крајот дел од учесниците обезбедија пласман во следниот круг, додека пак дел добија уште само една шанса во бараж-изданието.

За тоа, не го пропуштајте најновото издание на „Пат до Ѕвездите вечерва со почеток во 20:30 часот.

 

Поврзани содржини