„ЛЕСНО МУ Е НА КОВАЧЕВСКИ СО 83 ЕВРА ДНЕВНО“ Со 150 денари на ден преживуваат 600.000 наши сограѓани, реагира ВМРО-ДПМНЕ

И додека СДСМ се фали со покачените плати, над 600.000 наши сограѓани живеат со 150 денари на ден, а Ковачевски кој зема 2.500 евра апанажа, дневно може да троши 83 евра – пишува ВМРО-ДПМНЕ.

515

Се зголеми потрошувачката кошница за само еден месец со дополнителни 1.500 денари, или за едно четиричлено семејство само за да се прехрани за еден месец му се потребни 59.000 денари. Владата на СДСМ и ДУИ го уништи животниот стандард на граѓаните. На едно семејство за да може да преживее од месец за месец му се потреби три минимални плати, реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Платите се многу пониски од тоа што изнесува една потрошувачка кошничка. Со катастрофалните политики на власта на СДСМ и ДУИ се зголемија цените на основните прехранбени производи, а граѓаните дополнително секојдневно се соочуваат со нови ценовни шокови. Устите им се полни со фалби дека ги зголемиле платите и пензиите, но реалната состојба е дека се намали куповната моќ. СДСМ и ДУИ го поскапеа животот во Македонија. Платите и пензиите на граѓаните се ниски споредбено со нивните месечни трошоци, се наведува во партиското соопштение.






„И додека СДСМ се фали со покачените плати, над 600.000 наши сограѓани живеат со 150 денари на ден, а Ковачевски кој зема 2.500 евра апанажа, дневно може да троши 83 евра. Владата на СДСМ и ДУИ ја уништија Македонија. Владата на СДСМ и ДУИ донесе само порази на граѓаните“ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини