„ЛЕСНО МОЖЕ ДА ГО ОТВОРИМЕ ОРМУЗ“ Трамп најави отворање на клучниот премин

Американскиот претседател смета дека отворањето на Ормускиот теснец би донело економски придобивки, додека сообраќајот низ клучниот енергетски коридор е намален за 93 проценти.

360

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле „лесно“ да го отворат Ормускиот теснец, потег кој, според него, би донел значителни економски придобивки.

„Со малку повеќе време, лесно можеме да ја отвориме Ормускиот теснец, да ја земеме нафтата и да се збогатиме. Тоа би било голема придобивка за светот“, напиша Трамп на платформата „Truth Social“.






Ормускиот теснец е еден од најважните светски енергетски коридори, преку кој вообичаено се транспортира околу една петтина од глобалната сурова нафта и течен природен гас. Сепак, од почетокот на војната со Иран на крајот на февруари, бродскиот сообраќај низ преминот е значително намален.

Блокадата доведе до нагло зголемување на цените на нафтата на светските берзи, а во моментов низ преминот минуваат само неколку бродови дневно, главно од Обединети Арапски Емирати, Индија, Кина, Саудиска Арабија и Иран.

Според податоците на аналитичката компанија „Kpler“, од почетокот на март низ теснецот поминале само 225 товарни бродови, што претставува пад од 93 проценти во однос на периодот пред војната.

Аналитичарите предупредуваат дека секое дополнително нарушување на сообраќајот во Ормускиот теснец може да предизвика нов скок на цените на енергенсите и дополнителни економски последици на глобално ниво.

Поврзани содржини