ЛЕШНИЦИТЕ ГО НАМАЛУВААТ ХОЛЕСТЕРОЛОТ, ГО ХРАНАТ МОЗОКОТ… Сировите плодови се најдобар извор на витамини Б, Е, фолна киселина и здрави масти!
Иако изгледаат како мали боцкави чудовишта, овие есенски плодови се и најздрави и највкусни токму сега и токму вакви, свежи и сирови. Меѓу другото, лешниците се добри за здравјето на срцето, бидејќи големата количина на здрави масти и антиоксиданти може да го намалат нивото на холестерол во крвта.
Лешниците се плод на дрвото леска (Corylus) и една од намирниците богати со масни киселини кои ја стимулираат функцијата на мозокот, ги зајакнуваат коските и го намалуваат покаченото ниво на холестерол и триглицериди. Лешниците најчесто се составени од незаситени масни киселини (здрави масти), кои човечкото тело не може само да ги произведе, туку мора да ги консумира преку исхраната.
Плодовите се богати со висококвалитетни протеини, витамини и минерали. И покрај тоа што се висококалорична храна, имаат способност да ја „забрзаат“ работата на мрзливите црева и на тој начин да бидат од помош во диетите за слабеење.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.