На Плоштадот „Македонија“ во Скопје утре ќе се одржи протест на Украинците кои живеат во земјата против руската инвазија во Украина. Протестот ќе почне во 14 часот пред споменикот на Александар Велики.
„Ги повикуваме сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш“, се наведува во соопштението од Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“.