Лепа Брена се пофали со брод од 30 метри, крстарејќи по Јадранот ФОТО

1,015

Пејачката Лепа Брена се пофали со новата јахта, со која со месеци крстарела по Јадранот.

– Тоа е  едно убаво бротче од околу 100 стапки, со пет, шест спални соби – рекла пејачката и додала:






„Тоа не беше само подарок за нашите души, ние сакавме да си дозволиме нешто, бидејќи тоа беше специфична ситуација. Не можевме да се дружиме, можевме барем да пловиме. Така што, имав една година пауза и одмор за да го правам она што навистина го сакав, да пловам и да бидам на вода.“

Пејачката се осврнала и на продажбата на „Гранд“, која по 18 години повеќе не е во нејзина сопственос .

– „Гранд е наше дете. Растеше, порасна. Беше моментот и таков е деловниот договор. Без оглед на тоа што не сме во сопственички односи, јас секогаш ќе останам да работам и да соработувам со „Гранд“, бидејќи тоа е нешто што мене ми е блиску, а во таа куќа се чувствувам како во својот дом – рекла Брена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини