📷 🎥 ЛЕПА БРЕНА И БОБА УЖИВААТ НА ТАЈЛАНД Пејачката објави интимен момент со сопругот

Пејачката Лепа Брена моментално ужива на одмор на Тајланд со сопругот Слободан Бобa Живојиновиќ, синот Виктор и неговата девојка Софија.

1,987

Пејачката Лепа Брена моментално ужива на одмор на Тајланд со сопругот Слободан Бобa Живојиновиќ, синот Виктор и неговата девојка Софија.

На фотографиите и видеата кои ги сподели на социјалните мрежи може да се видат како заедно се опуштаат во базен, а Брена носи црвено бикини и капа.






Оваа пауза доаѓа откако пејачката неодамна се здоби со повреда на ногата на концерт во Хрватска. За време на настапот, снимател паднал од бината врз неа, што резултирало со скршеница на коската.

Иако повредата беше сериозна, Брена целиот концерт го издржа на нозе, поради што нејзините фанови ја пофалија за нејзината професионалност. По настапот таа итно ја оперирала ногата.

Поради повредата таа беше принудена да ги откаже планираните концерти во Загреб, но сега се посвети на закрепнувањето. Таа ужива да се релаксира во Тајланд, а нејзиниот сопруг Боба и помага да ги олесни сите активности што е можно повеќе. На снимката се гледа како Брена се потпира на даска за пливање додека е во вода, што покажува дека процесот на рехабилитација напредува.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Нејзините следбеници особено ги воодушеви фотографијата каде таа е потпрена на грбот на Боба додека плива во базен.

Судејќи по насмевката на нивните лица, овој одмор не само што придонесува за нејзиното закрепнување туку и носи уживање и квалитетно време поминато со нејзиното семејство.

Поврзани содржини