Лепа Брена добила хотел од милионер од Швајцарија! Што сѐ внатре ќе има

8,458

Лепа Брена со години е голема инспирација на милионерот со потекло од Србија, кој живее во Швајцарија и кој ѝ предложил да му даде право хотелскиот комплекс да го нарече според неа, пренесува „Курир.рс“.

Според понатамошните наводи, изградбата на хотелот би требало наскоро и да започне на имотот од неговото на неговото семејство во Пераст.






Објектот, според пишувањата на „Курир.рс“, ќе биде целосно уреден според светски стандард, бидејќи овој моќен човек не ги жали парите само за сè да изгледа одлично и бајковито, додека ентериерот ќе биде оплеменет со фотографии, облека и детали од животот и работата на Лепа Брена, а во комплетно опремување на објектот за туристите ќе инвестира дури три милиони евра. На секој кат во ходниците ќе има фотографии од пејачката, додека во лифтовите, спа-центарот и фоајето ќе се пушта само нејзината музика.

Хотелот ќе има шест sвезди, а Брена ќе добие свој луксузен апартман наречен „Катчето на Брена“ од дури 100 квадратни метри, од кој ќе се протега поглед кон овој дел од заливот.

Лепа Брена во моментот се наоѓа во Црна Гора каде што летува со сопругот Боба Живоиновиќ, а по овој повод не се огласувала во медиумите.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини