📷 ЛЕОНАРДО ДИКАПРИО СНИМЕН ВО ДУБРОВНИК Актерот вечерал во познатиот ресторан на НБА ѕвездата
По Никол Кидман и Бил Клинтон, сега се дозна дека и Леонардо Дикаприо бил снимен и во Хрватска.
По Никол Кидман и Бил Клинтон, сега се дозна дека и Леонардо Дикаприо бил снимен и во Хрватска.
Дикаприо бил виден со друштво на познати актери во Порто во саботата навечер, каде што се качувал на тендер. Се закотвил пред Локрум, а наводно дошол во Дубровник да вечера, пишува „Дубровнички весник“.
Дикаприо наводно вечерал во ресторанот „Форти Фор“ (Forty Four), популарна дестинација во Дубровник, во сопственост на познатиот НБА кошаркар Бојан Богдановиќ, кој неодамна објави крај на својата професионална кариера.
View this post on Instagram
Славниот актер речиси поминал незабележано, но жителите на Дубровник сепак го препознале додека го напуштал историскиот центар со придружба, пишува локалниот портал и додава дека не е познато колку долго актерот ќе остане во Хрватска.
Инаку, пред неколку дена беше снимен на Вимблдон, а пред тоа беше во Венеција на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, кои исто така беа на одмор во Хрватска.
Фотографијата можете да ја погледнете ТУКА.